Close

За Нас

ЗА ПЕЛА МЕД

Прв центар изграден по светски стандарди за нега и грижа на лица Пела Мед, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар е вистинското место каде што грижата за секој од вас е наша примарна цел. Лоциран во центарот на градот Гостивар, модерниот, нов и луксузен дом Пела Мед вклучува сместувачки капацитети кои имаат беспрекорни услови како во хотел со 5 ѕвезди.

Сите соби и апартмани се опремени по врвни стандарди максимално пристапни и приспособени за непречено функционирање на корисниците кои имаат физички потешкотии. Покрај современо опремените соби и апартмани, домот Пела Мед располага и со заеднички простории кои вклучуваат комфорен дневен престој, трпезарија со зедничка кујна како и фризерски салон. Во склоп на домот се наоѓаат и просториите за негуватели и рецепција со приемен дел, каде посетителите можат да разговараат со своите роднини и пријатели.

Сега е лесно да уживате во она кое го заслужувате, а ние во Пела Мед ќе се погрижиме вашите животи да бидат исполнети со чувство на благосостојба, среќа и сигурност.

Запознајте го нашиот тим

Roger Golden
Roger Golden
Manager
Jane French
Jane French
Hostess
Susan McDowell
Susan McDowell
Hostess
Aleesha Floyd
Aleesha Floyd
Hostess

Ние ги препознаваме вашите барања

Се што ви е нејасно или ви е потребно за да дојдете до подобро решение за вашите сакани, може да се консултирате со нас.

Сè што ви е потребно за нега и грижа на вашите сакани

Медицинска Нега

Решенија за вашите најмили кои ги вклучуваат сите нивни медицински и здравствени потреби

Здрава исхрана

кулинарско искуство со изборот на свежи и висококвалитетни состојки од нашите професионални готвачи

Фармакотерапија

Ние се грижиме за правилна администрација на фармако терапијата на сите наши клиенти

Посебна грижа

За секој наш клиент, подготвуваме засебен протокол, за максимална удобност и пријатност