Close

Типови на соби

Типови на соби

Еднокреветна соба

Тип 1 –  Еднокреветните соби со површина од 20м2 вклучуваат сопствено купатило, телевизор, плакар за облека, наткасна, мини кујна со фрижидер и клуб маса со две столици. Опремени со електронски тастер –  ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка, покрај креветот и во купатилото.

Двокреветна соба

Тип 2 – Двокреветните соби со површина од 31м2 вклучуваат сопствено купатило, два плакари за облека, две наткасни, телевизор, мини кујна со фрижидер, предсобје со маса и две столици. Опремени со електронски тастер –  ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка, покрај креветот и во купатилото.

Тип 6 – Двокреветните соби наменети за лица кои се движат со инвалидска количка со површина од 43м2 вклучуваат плакари за облека со врати кои се отвараат на допир и се лесно пристапни за употреба на лицата директно од количката, две наткасни со ист систем на употреба, телевизор, мини кујна со фрижидер и маса приспособена за употреба директно од количката, кревети приспособени за лесно маневрирање на лицата со количката и сопствено купатило приспособено со специјални помошни реквизити наменети за лесна употреба од страна на лицата со можност за лесно маневрирање во нив.

Тип 7 – Двокреветните соби со површина од 30м2 вклучуваат два кревети на тркала специјализирани за неподвижни лица, лица со деменција.. купатила специјално наменети и опремени за одржување на хигиена на лицата приспособени за лесно маневрирање во нив, два плакари за облека и две наткасни, клуб маса со две столици и телевизор. Опремени со електронски тастер – ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка.

Трокреветна соба

Тип 3 – Трокреветените соби со површина од 30м2 вклучуваат три плакари за облека, три наткасни, телевизор, сопствено купатило, мини кујна со фрижидер и клуб маса со три столици. Опремени со електронски тастер –  ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка, покрај креветот и во купатилото.

Тип 8 – Трокреветните соби со површина од 27м2 вклучуваат три кревети на тркала специјализирани за неподвижни лица, лица со деменција.. купатила специјално наменети и опремени за одржување на хигиена на лицата со можност за лесно маневрирање во нив, три плакари за облека, три наткасни, маса со три столици и телевизор. Опремени со електронски тастер – ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка.

Четирикреветна соба

Тип 4 – Четирикреветните соби со површина од 50м2 вклучуваат сопствено купатило, две посебни простории со по два кревети, два телевизори, четири плакари за облека, четири наткасни, мини кујна со фрижидер и предсобна просторија со маса и 4 столици. Опремени со електронски тастер –  ѕвонче за повик на сестра или негувателка, покрај креветот и во купатилото.

Тип 5 – Четирикреветните соби со површина од 44м2 вклучуваат кревети на тркала специјализирани за неподвижни лица, лица со деменција.. два телевизори, две клуб маси со четири столици, четири плакари за облека, четири наткасни и сопствени купатила специјално наменети за одржување на хигиена на лицата со можност за лесно маневрирање во нив. Опремени со електонски тастер – ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка.