Close

Услуги

УСЛУГИ

Медицинска нега

Од центар за нега на лица до ординации, вашата нега е во сигурни раце на нашиот медицински персонал. Со исклучителен квалитет во професионални здравствени услуги, нашиот медицински тим составен од доктори, сестри, негуватели, физиотерапевти, е посветен да ви обезбеди соодветна нега во која можете да верувате. Постојаното присуство на медицински сестри и овластени лица од тимот даваат постојана асистирана грижа со која нема да дозволат вашите блиски да бидат осамени. Со главен фокус постојано да ги следиме главните медицински индикатори кои покажуваат одреден здравствен проблем нашиот центар е опремен со најсовремени апарати, помагала како и инвалидски соби.

Одлична храна и грижа

Наша единствена цел е да ви ги обезбедиме сите удобности потребни за среќен живот. Со грижа за потребите на секој од вас и за начинот на кој сакате да се храните, секој оброк го трансформираме во ново кулинарско искуство со изборот на свежи и висококвалитетни состојки од нашите професионални готвачи. Исто така, наша грижа е и вашата убавина, преку нудење на интегрирани козметичко-фризерски услуги.

АКТИВНОСТИ И НАСТАНИ

Освен грижата за вашето здравје, дополнително внимание посветуваме и на вашиот социјален живот. Со цел вашето време да биде исполнето, организираме голем број активности и настани на дневно ниво. Тие опфаќаат најразлични едукативни и креативни работилници за заедничко дружење, како и прошетки и излети за максимално уживање во убавината на природата која е во непосредна близина од нашиот дом. Живејте безгрижно и препуштете се во атмосфера на проактивно и позитивно стареење.

Сè што ви е потребно за нега и грижа на вашите сакани

Медицинска Нега

Решенија за вашите најмили кои ги вклучуваат сите нивни медицински и здравствени потреби

Здрава исхрана

кулинарско искуство со изборот на свежи и висококвалитетни состојки од нашите професионални готвачи

Фармакотерапија

Ние се грижиме за правилна администрација на фармако терапијата на сите наши клиенти

Посебна грижа

За секој наш клиент, подготвуваме засебен протокол, за максимална удобност и пријатност