Поддршка

Психосоцијална Поддршка
Специјални програми

Програма во областа на психосоцијалната поддршка на корисниците во домот.

Програма за згрижување и нега на корисници кои можат сами да се грижат за себе односно корисници кои имаат одреден степен на независност. Поради ограничените способности овие лица се под секојдневна контрола од страна на персоналот на домот во однос на облекување, одржувањето на личната хигиена на корисниците, консумирање лекови, третман со специјални диети и по потреба физикална терапија.

Во рамките на социјалните активности планирани се : културни активности, рекреативни активности, активности за одредени настани, празници, домашни активности. Одржување на физичката состојба и менталните функции кој низ различни социокултурни работилници и настани им го подобруваат квалитетот на живеење на корисниците.

  • Заеднички прошетки покрај реката Вардар,
  • Културолошки ескузии во и надвор од градот,
  • Градинарство и други активности во природа,
  • Прослава на родендени, годишници, празници и други значајни датуми,
  • Дружење преку забавно-друштвени игри,
  • Читање поезија и романи,
  • Кулинарски активности,
  • Изложби,
  • Спортски активности,
  • Музички активности,
  • Оргнаизирани средби и активности со членови од фамилијата,
  • и многу друго…

„Квалификувани патеки за нега и програми за социјализација“

Кога се применува?

Кога семејството или негувателот веќе не можат да обезбедат континуирана помош и грижата не може да се спроведе во домот. Целта на Психосоцијалната поддршка е да се постигне подобрување во состојба на осаменост и прилагодување на условите во нашата установа.

Како се пристапува?

Неопходно е да се достави посебно барање во кое степенот на самостојност и клиничкиот статус на гостинот се класифицираат за да се процени дали структурата во која е потребен пристап е во состојба да ги задоволи потребите на гостинот. Апликацијата мора да ја пополни член на фамилијата.

mk_MKMK