Типови на соби

Сместување

Сместување

ПУЗС ПелаМед

Центар со холистички пристап за живеење и грижа на стари лица, чија основна цел е сместување, нудејќи им сеопфатна нега и соодветни услови за живот. Основна цел на ПУСЗ ПЕЛАМЕД е постојана грижа, активно стареење, достоинствено и квалитетно живеење на старите лица. Од технички аспект, домот нуди луксузен, ентериер и екстериер, максимално пристапен и приспособен за непречено функционирање и на оние корисници кои што имаат физички потешкотии.
Објектот е лоциран на соодветна локација идеална за ваква намена. На корисниците им се нуди модерно сместување во соби со комфор и топол колорит, кои потсетуваат на домашен амбиентален простор. Собите покрај комплетна собна услуга и медицинска опременост нудат и социјален момент како и многу потребна интима.

Коmфорен престој

Повеќе решенија за сместување за да се задоволат потребите на нашите гости.

Сите соби и апартмани се опремени по врвни стандарди максимално пристапни и приспособени за непречено функционирање на корисниците кои имаат физички потешкотии. Покрај современо опремените соби и апартмани, домот Пела Мед располага и со заеднички простории кои вклучуваат комфорен дневен престој, трпезарија со зедничка кујна како и фризерски салон. Во склоп на домот се наоѓаат и просториите за негуватели и рецепција со приемен дел, каде посетителите можат да разговараат со своите роднини и пријатели.

Еднокреветен апартман

Тип 1

Еднокреветните апартмани со површина од 20мt² вклучуваат сопствено купатило, телевизор, плакар за облека, наткасна, мини кујна со фрижидер и клуб маса со две столици. Опремени со електронски тастер – ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка, покрај креветот и во купатилото.

Двокреветен апартман

Тип 2

Двокреветните апартмани со површина од 31 мт² вклучуваат сопствено купатило, два плакари за облека, две наткасни, телевизор, мини кујна со фрижидер, предсобје со маса и две столици. Опремени со електронски тастер –  ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка, покрај креветот и во купатилото.

Тип 7

Двокреветните апартмани наменети за лица кои се движат со инвалидска количка со површина од 43мт² вклучуваат плакари за облека со врати кои се отвараат на допир и се лесно пристапни за употреба на лицата директно од количката, две наткасни со ист систем на употреба, телевизор, мини кујна со фрижидер и маса приспособена за употреба директно од количката, кревети приспособени за лесно маневрирање на лицата со количката и сопствено купатило приспособено со специјални помошни реквизити наменети за лесна употреба од страна на лицата со можност за лесно маневрирање во нив.

Тип 8

Двокреветните апартмани со површина од 30 мт² вклучуваат два кревети на тркала специјализирани за неподвижни лица, лица со деменција.. купатила специјално наменети и опремени за одржување на хигиена на лицата приспособени за лесно маневрирање во нив, два плакари за облека и две наткасни, клуб маса со две столици и телевизор. Опремени со електронски тастер – ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка.

Трокреветен апартман

Тип 3

Трокреветените апартмани со површина од 30мт² вклучуваат три плакари за облека, три наткасни, телевизор, сопствено купатило, мини кујна со фрижидер и клуб маса со три столици. Опремени со електронски тастер – ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка, покрај креветот и во купатилото.

Тип 9

Трокреветните апартмани со површина од 27мт² вклучуваат три кревети на тркала специјализирани за неподвижни лица, лица со деменција.. купатила специјално наменети и опремени за одржување на хигиена на лицата со можност за лесно маневрирање во нив, три плакари за облека, три наткасни, маса со три столици и телевизор. Опремени со електронски тастер – ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка.

Четирикреветен апартман

Тип 4

Четирикреветните апартмани со површина од 50мт² вклучуваат сопствено купатило, две посебни простории со по два кревети, два телевизори, четири плакари за облека, четири наткасни, мини кујна со фрижидер и предсобна просторија со маса и 4 столици. Опремени со електронски тастер –  ѕвонче за повик на сестра или негувателка, покрај креветот и во купатилото.

Тип 5

Четирикреветните апартмани со површина од 44мт² вклучуваат кревети на тркала специјализирани за неподвижни лица, лица со деменција.. два телевизори, две клуб маси со четири столици, четири плакари за облека, четири наткасни и сопствени купатила специјално наменети за одржување на хигиена на лицата со можност за лесно маневрирање во нив. Опремени со електонски тастер – ѕвонче за повик на медицинско лице или негувателка.

Тип 6

Четирикреветните апартмани со површина од 50мт² вклучуваат сопствено купатило, две посебни простории со по два кревети, два телевизори, четири плакари за облека, четири наткасни, мини кујна со фрижидер и предсобна просторија со маса и 4 столици. Опремени со електронски тастер –  ѕвонче за повик на сестра или негувателка, покрај креветот и во купатилото.

mk_MKMK